Енграм - хипотетички термин за мемориските траги кои се впишуваат во мозокот во вид на биохемиски и биофизички промени а како последица на надворешни влијанија.

Engram - a hypothetical mean by which memory traces are stored as biophysical or biochemical change in the brain (and other neural tissue) in response to external stimuli.
  • eStore - Вашата Online продавница
  • еАгенција - Недвижнини online
  • Мултимедијални CD/DVD презентации
  • еРецепција - Online резервациски систем за хотели

Engram WebArt Studio е веб базирана компанија специјализирана за професионална изработка на веб сајтови, веб презентации и веб апликации. Со користење на современи online решенија и цени соодветни на Вашиот буџет, ние во ENGRAM сме во состојба да ги задоволиме сите Ваши потреби и желби преку компонирање на софистицирани решенија наменети за Ваше квалитетно веб присуство. Без разлика дали поседувате мала компанија или голема корпорација, дали Ви е потребен нов веб сајт или промена на дизајнот и функционалноста на веќепостоечкиот, ENGRAM постои за да го претвори Вашето веб присуство во доброподмачкана e-commerce машина, со која Вашата компанија полесно ќе ги исполни поставените бизнис цели.
Сајтовите изработени од ENGRAM во целост се валидни со W3C стандардите (проверете тука), што е доказ за квалитетот на изработката.

 
PHP програмирањеMySQL дата бази на податоци jQuery WEB 2.0
Drupal Joomla CodeIgniter Framework AJAX Програмирање Wordpress Блог систем
Flash Fireworks Illustrator Photoshop
FirefoxInternet Explorer Opera Chrome
ВЕБ ПРОИЗВОДИ
еРецепција

еРецепција

Оnline резервацискиот систем, наречен еРЕЦЕПЦИЈА е идеално решение за вршење резервации на соби и апартмани преку интернет во хотели, мотели итн. Ако поседувате хотел или некој друг сместувачки капацитет, тогаш со помош на еРЕЦЕПЦИЈА можете комплетно да ги заобиколите туристичките агенции на кои им плаќате провизија, бидејќи сега резервирањето на соби може да се изврши преку интернет.
еАгенција

еАгенција

еАГЕНЦИЈА е веб софтвер за online продажба  и/или  изнајмување на  недвижнини.
Погодна е за сите агенции кои се занимаваат со изнајмување и продажба на куќи, станови, викендички, земјиште и каков бил друг вид на недвижнини.
Предноста на еАГЕЦИЈА е во тоа што на сопствениците или вработените во агенцијата им овозможува да поставуваат нови недвижнини на сајтот со текст за недвижнината...
еZine

eZine

Интернет магазините се веб апликации наменети за поставување новости, информации, вести и слични содржини на интернет. Тие всушност се еден вид на електронски весници, списанија. Интернет магазините Ви овозможуваат Вие сами да ги поставувате содржините на Вашиот сајт во облик на текстови, колумни и слики/фотографии. Притоа постои можност за вклучување на повеќе лица кои би пишувале за различни теми (пример едно или повеќе лица пишуваат за политика, други за култура, спорт итн.), при што написите се објавуваат со име и презиме (или nick) на објавувачот на написот.
eStore

eStore

Електронските продавници (e-Shops, e-commerce) се веб апликации за вршење на трговија преку интернет. Тие служат за информирање на потенцијалните купувачи на производи/услуги за видот на доброто кое се нуди на продажба, неговата цена, квалитет, содржина, попуст и сл. Електронските продавници му овозможуваат на Вашиот потенцијален купувач кој физички е оддалечен од Вашата реална продавница да ги разгледа производите/услугите кои Вие ги нудите (со соодветни фотографии за нив), итн.
Прет. еРецепција еАгенција еZine eStore След.

Карактеристики на еРЕЦЕПЦИЈА:

  • Повеќејазичен FRONT панел - гостинот може да одбере еден од следниве јазици за резервација: македонски, англиски, италијански, германски, француски и шпански
  • Конфигурирање на собите/апартманите во Вашиот хотел според типот (видот): еднокреветни, двокреветни итн. Со ова гостинот сам избира во каква соба/апартман сака да престојува.
  • Определување на различни цени на собите во зависност од типот (видот).
  • Определување на различни цени на собите во зависност од периодот во кој се резервирани (во или вон сезона, празници и сл.). Со ова Вашиот гостин веднаш ќе знае колку ќе го чини сместувањето кај Вас во типот на соба која сам ја одбрал за определен период.
  • Гостинот ќе биде во можност да одбере дополнителни услуги кои Вие ги нудите (на пр. интернет конекција, послужување во соба и сл.) со цени за услугите кои исто така Вие ќе ги определите.
  • Автоматски пресметување на:
    • само на цената на сместувањето
    • цената на дополнителните услуги кои гостинот го одбрал
    • вкупната цена која треба да се плати
    • износот на депозитот кој теба да се уплати за да биде резервацијата потврдена
  • Автоматско доделување на соби/апартмани кои гостинот ги резервирал, со што се избегнува можноста за двојно резервирање на иста соба за различни гости во периоди кои се поклопуваат
  • Автоматско известување за резервациите кои треба да започнат на денот на нивното започнување, како и резервациите кои теба да завршат (одјавување на гостите)
  • Автоматско известување за сумата на пари кои определен гостин ја платил (депозит на пр.), и колку треба да доплати
  • Структуиран менаџмент на корисници Различни корисници на еРЕЦЕПЦИЈА имаат различни овластувања во системот. На пример, Рецепционер бр.1 се најавува во системот со сопствена лозинка и има свое овласување, Рецепционерот бр.2 има своја лозинка и овластување, додека шефот на рецепција има своја лозинка и најголеми овласувања. Со ова е овозможено надгледување на целокупното работење на Вашата рецепција од страна на претпоставените.
  • Визуелно претставување (во форма на табели) на извршените резервации по соби и периоди на резервирање
  • Можност за печатење на извештаи (по соби и периоди на извршени резервации) со што за момент добивате документација за архивирање
  • Можност за евидентирање на наплатите и исплатите во готово кои се извршени на Вашата рецепција
еАГЕНЦИЈА е веб софтвер за online продажба и/или изнајмување на недвижнини. Погодна е за сите агенции кои се занимаваат со изнајмување и продажба на куќи, станови, викендички, земјиште и каков бил друг вид на недвижнини.еАгенција
Предноста на еАГЕЦИЈА е во тоа што на сопствениците или вработените во агенцијата им овозможува да поставуваат нови недвижнини на сајтот со текст за недвижнината, слики, карактеристики на недвижнината (пр. број на соби, вецеа, купатила, квадратура, и сл.). Сопствениците на агенцијата можат во секое време да ги изменуваат податоците на сајтот, т.е. да повлекуваат недвижнини од сајтот, да менуваат информации за поставените недвижнини, да менуваат слики и сл. Потенцијалниот купувач или изнајмувач на недвижнина може директно со Вас да комуницира преку Важиот телефонски број кој е објавен на сајтот или преку email.

еАГЕНЦИЈА овозможува повеќејазична поддршка, т.е. објавување на недвижнините на повеќе јазици со цел тие да бидат достапни и во странство. Со еАГЕНЦИЈА, Вашите агенција за недвижнини станува достапна насекаде во светот.
ВЕБ РЕШЕНИЈА

Статични веб сајтови (HTML, CSS, JavaScript)

- Изработка на графичка подлога - уникатен дизајн
- Програмирање на дизајнот
- Галериja со слики
- Насловна и 4 дополнителни страни
- Контакт страна со можност на испраќање електронска пошта

Flash (анимирани) веб сајтови

Веб сајтови на кои содржината, графиката и навигацијата се анимирани.Овие веб сајтови се користат за интернет презентации кадешто содржината не е често променлива, но затоа оставаат голем впечаток кај Вашиот посетител. Ваков тип на веб сајтови се изработуваат со многу популарната во светот, Flash технологија во комбинација со програмскиот јазик ActionScript.

Веб менаџери

Сајтови кои користат бази на податоци и на кои Вие самите ја креирате и/или менувате содржината (текстови, слики, итн.)

Веб портали

Динамички сајтови за online презентирање на специфични содржини (технолошки портали, музика, политика и сл.)

Форуми

Динамички веб апликации за водење на online дискусии на од Вас однапред определени теми

Custom веб апликации

Веб апликации со посебна намена и структура, во зависност од Вашите потреби

ПРОЦЕС НА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ САЈТ Процес на изработка на веб сајт
  1. Прибирање информации - секоја информација поврзана за Ваше квалитетно веб преставување
  2. Анализа и истражување - изработка на план за реализација на веб апликацијата
  3. Архитектура на информации и потреби - изработка на предлог проект на структурата на веб апликацијата
  4. Графичка изработка - изработка на предлог проект на графичката подлога на веб апликацијата
  5. Програмирање - кодирање на графичкиот интерфејс и функциониот дел на веб апликацијата
  6. Тестирање - период на барање на можни грешки во изгледот и функционалноста на веб апликацијата
  7. Поставување на сервер - имплементирање на веб апликацијата на интернет со сопствена веб адреса и простор
  8. Промоција и брендирање - SEO оптимизација и промовирање на веб сајтот преку други веб сајтови
УСЛУГИ

Корпоративен идентитет

Дизајнирањето на заштитен знак (лого) е еден од најважните моменти во создавањето на бренд кој е препознатлив за Вашите клиенти. Наша цел е да Ви овозможиме специјализирани, уникатни и професионални решенија во создавањето препознатлив бренд за Вашата компанија.

Изработката на корпоративен идентитет, покрај дизајнирањето на заштитен знак (лого), опфаќа и:
  • Определување на заштитни бои на Вашата компанија
  • Дизајнирање на печатени пропагандни материјали (плакати, брошури, летоци)
  • Дизајн на визит карти
  • Дизајн на дополнителни пропагандни материјали

За комплетирање на корпоративниот идентитет на Вашата компанија возможни се и пакети кои покрај дизајнот на логото, печатените и останатите пропагандни материјали, вклучува и изработка на мултимедијална CD/DVD презентација, веб сајт за Вашата компанија (со уникатна веб адреса и контакт email адреси) како и дигитален рекламен спот погоден за телевизиско рекламирање.
Контактирајте не за подетални информации.

SEO Оптимизација на Веб Сајтови

SEO Оптимизација на веб сајт е долготраен процес со кој се оптимизира и прилагодува содржината на веб страниците, така што пребарувачите би можеле да разберат (видат) што се наоѓа на истите. Со тоа се зголемува бројот на целни посетители кои пребаруваат на интернет мрежата. SEO Оптимизацијата бара многу трпение, промена на фрази и текстови и сл. Самиот процес на оптимизација е се состои од неколку чекори, како дефиниција на точни линкови, клучни зборови, описи на страниците, квалитетна содржина итн. Денес повеќе од 90% од сите посети доаѓаат од пребарувачите, а и тоа е најлесниот начин да се дојде до бараната информација.

Предности на оптимизиран веб сајт:
  • Подобро индексирање на веб страните на сајтот од страна на пребарувачите (Google, Yahoo, Live, Bing, AOL, итн)
  • Позиционирање на Вашиот веб сајт меѓу првите резултати од пребарување по одредени клучни зборови
  • Зголемен број на посетители кои бараат информации поврзани со Вашиот бизнис
  • Зголемена продажба на производи и/или услуги

Мултимедијални презентации

Мултимедијални презентации

CD/DVD презентациите се мултимедијални прикази со кои Вие можете да ги имате Вашите или податоците на Вашата компанија на CD/DVD. Наместо користење на класични визит карти, овој тип на CD презентации Ви овозможува на модерен и атрактивен начин да ги доставувате Вашите информации или едноставно да ги делите на Вашите потенцијални клиенти како рекламен материјал. Со тоа впечатокот кој го оставате кај нив е многу поголем, бидејќи CD/DVD презентациите содржат слики, графика (лого на Вашата компанија, слоган и сл.) и анимации со кои голем број на информации се поставени и со неколку клика пристапни до Вашите потенцијални клиенти. Цедеата на кои се Вашите презентации можат да имаат соодветен графички печат на површината, со кој ќе биде леснопрепознатлива Вашата компанија. Се што треба да направи Вашиот потенцијален клиент, е да го стави цедето во компјутер (или DVD-то во DVD плеер) и да ја разгледа комплетната презентација.

Хостинг услуги и регистрација на домејн

Engram WebArt Studio врши и индивидуални услуги за хостирање на Вашите веб сајтови и/или регистрации на домејни. Услугите за хостирање се на брзи сервери со инсталиран оперативен систем по избор (Linux/Windows), со посебен контролен панел, можност за користење на неограничен број на бази на податоци, поддомени, email акаунти, паркирани домејни, итн. Engram врши и регистрација на домејни со следниве наставки: .com, .biz, .net, .info, .org, како и сите можни комбинации со додаток .mk (на пр. www.Вашата-Веб-Адреса.com.mk или www.Вашата-Веб-Адреса.mk).

Хостинг пакети и цени:

ПАКЕТ "START"
  • Простор: 100 mb
  • Месечен трансфер: 3 Gb
  • Годишна цена: 2200,00 денари

ПАКЕТ "MEDIUM"
  • Простор: 500 mb
  • Месечен трансфер: 15 Gb
  • Годишна цена: 3200,00 денари

ПАКЕТ "LARGE"
  • Простор: 1 Gb
  • Месечен трансфер: 30 Gb
  • Годишна цена: 5200,00 денари

ПАКЕТ "SUPERB"
  • Простор: 2.5 Gb
  • Месечен трансфер: 75 Gb
  • Годишна цена: 7999,99 денари

Цени за регистрација на домејни:
  • домејни со наставка .com, .net, .info, .org: 999,00 ден.
  • домејни со наставка .com.mk или само .mk : 1399,00 ден
ПОРТФОЛИО
Violeta's Jewellery

Vioileta's Jewellery

Online продажба на рачно изработен накит

Користени технологии: HTML/CSS, JavaScript (jQuery), PHP/MySQL (eZine, eStore)

Посетете го сајтот

BIOS automotive

BIOS automotive

BIOS automotive - Car Tuning

Користени технологии: HTML/CSS, Flash, PHP/MySQL

Посетете го сајтот

Нова Зора - Месечен весник на Македонците во Грција

Нова Зора

Нова Зора - Месечен весник на Македонците во Грција

Користени технологии:WordPress(PHP/MySQL)

Посетете го сајтот

Струга Денес - дневен портал

Струга Денес - дневен портал

Дневни вести од Струга

Користени технологии: Joomla!(PHP/MySQL)

Посетете го сајтот

Сојуз на жени „Езерка“ - Струга

Сојуз на жени „Езерка“ - Струга

Невладина организација од Струга

Користени технологии: Joomla!(PHP/MySQL)

Посетете го сајтот

Trim & Lum

"Trim & Lum" - Струга

Градежно претпријатие од Струга

Користени технологии: Joomla!(PHP/MySQL)

Посетете го сајтот

Вевчанска Валавица и Вир

Вевчанска Валавица и Вир

Веб сајт спозориран од Министерството за култура на Р. Македонија.

Користени технологии: xHTML/CSS, PHP/MySQL, JavaScript

Посетете го сајтот

L&T Apartments - Струга

L&T Apartments - Струга

Апартманско сместување во Езерски Лозја - Струга

Користени технологии: xHTML/CSS, JavaScript, PHP/MySQL (eРЕЦЕПЦИЈА Light), SEO оптимизација

Посетете го сајтот

Хотел Ташино Чешмиче - Скопје

Хотел Ташино Чешмиче - Скопје

Хотелско сместување во Скопје

Користени технологии: xHTML/CSS, Flash, JavaScript, PHP/MySQL (eРЕЦЕПЦИЈА Light)

Посетете го сајтот

Мотел Амбиент - Струга

Мотел Амбиент - Струга

Сместувачки капацитет во Струга

Користени технологии: xHTML/CSS, Flash, JavaScript, PHP/MySQL (eРЕЦЕПЦИЈА Light), SEO оптимизација

Посетете го сајтот

Марија Лујза

Марија Лујза - Струга

Продажба на завеси и комплементарни производи

Користени технологии: Joomla! (PHP/MySQL)

Посетете го сајтот

Агенција за недвижнини МacEstates

MacEstates агенција за недвижнини - Скопје,Струга

Агенција за недвижнини - посредување при продажба и изнајмување

Користени технологии: PHP/MySQL, SEO оптимизација, еАГЕНЦИЈА

Посетете го сајтот

Пин Проект

Пин Проект агенција за недвижнини - Скопје

Продажба на недвижнини

Користени технологии: PHP/MySQL, SEO оптимизација, еАГЕНЦИЈА

Статус: НЕАКТИВЕН

Хотел East&West

Хотел East&West - Охрид

Сместувачки капацитет во Охрид

Користени технологии: Користени технологии: xHTML/CSS, Flash, JavaScript, PHP/MySQL (eРЕЦЕПЦИЈА Light)

Статус: НЕАКТИВЕН

Diskoteque Glamour

Дискотека Гламур - Струга

Ноќен клуб во Струга

Користени технологии: HTML/CSS, PHP/MySQL, Flash

Статус: НЕАКТИВЕН

Oaza - Struga

Ноќен клуб ОАЗА - Струга

Ноќен клуб во Струга

Користени технологии: HTML/CSS, PHP/MySQL, Flash

Статус: НЕАКТИВЕН

ШЕФОТ

ШЕФОТ - Блог

Блог за програмски јазици (C++, QT, 3D програмирање)

Користени технологии: Joomla! (PHP/MySQL)

Статус: НЕАКТИВЕН

© 2004 - 2010 Engram WebArt Studio

Valid XHTML 1.0 Strict Valid XHTML 1.0 Strict

Ве молиме да НЕ користите Internet Explorer 6
^ На почеток
Контактирајте со нас
  • Контакт телефони071/38 58 99, 078/38 58 99
  • Е-поштаkontakt@engramweb.com
  • Skype контакт Twitter Facebook страна
  • Струга
  • Македонија
-->