|
Веб менаџери се веб апликации кои им овозможуваат на корисниците (т.е. Вас) сами да го пополнуваат сајтот со содржини (слики/фотографии, текстови). Со ова Вие всушност немате потреба од најмување на лице кое ќе ви го одржува сајтот и за тоа да плаќате дополнително, туку тоа го правите Вие самите.
Веб менаџерите се многу користен тип на веб апликации за компании кои имаат потреба за често ажурирање (поставување и бришење на информации) на нивниот сајт.
Начинот на користење е едноставен и многу сличен на MS WORD, такашто секој може да го користи.
Веб менаџерите се современ начин на управување со податоците, информациите и други типови на документи кои се нудат на размена на интернет.
Со нив, Вие можете, меѓудругото и да ограничите пристап до одредени содржини само за кориснички групи кои Вие сами ги определувате (пр. некои информации на Вашиот сајт се достапни само за Вашите вработени или бизнис партнери, додека пак другите информации се достапни за секој посетител на сајтот).
|