Пребарување на Engram

 

Демо сајтови

(Дополнителни демоа ќе бидат објавени наскоро)

slika2.jpg
Резервациски системи  Е-пошта

Оnline резервацискиот систем, наречен еРЕЦЕПЦИЈА е идеално решение за вршење резервации на соби и апартмани преку интернет во хотели, мотели итн. Ако поседувате хотел или некој друг сместувачки капацитет, тогаш со помош на еРЕЦЕПЦИЈА можете комплетно да ги заобиколите туристичките агенции на кои им плаќате провизија, бидејќи сега резервирањето на соби може да се изврши преку интернет. Со помош на еРЕЦЕПЦИЈА, Вашиот потенцијален гостин може да одбере тип на соба во која сака да престојува, да го определи периодот за кој сака да престојува, итн.
еРЕЦЕПЦИЈА e програма со веб интерфејс за менаџмент и резервации на хотелски соби и апартмани. Со еРЕЦЕПЦИЈА, Вашиот хотел не само што ќе има софистициран софтвер за распределување на гостите во соодветни соби, туку додаток на Вашиот веб сајт, преку кој Вашите гости ќе можат да извршат резервации преку интернет. еРЕЦЕПЦИЈА доаѓа во „пакување“ на македонски, англиски, германски, холандски, италијански и шпански јазик, а во тек е и превод на француски јазик.

 

еРЕЦЕПЦИЈА

 

Карактеристики на еРЕЦЕПЦИЈА:

  • Конфигурирање на собите/апартманите во Вашиот хотел според типот (видот): еднокреветни, двокреветни итн. Со ова гостинот сам избира во каква соба/апартман сака да престојува.
  • Определување на различни цени на собите во зависност од типот (видот).
  • Определување на различни цени на собите во зависност од периодот во кој се резервирани (во или вон сезона, празници и сл.). Со ова Вашиот гостин веднаш ќе знае колку ќе го чини сместувањето кај Вас во типот на соба која сам ја одбрал за определен период.
  • Гостинот ќе биде во можност да одбере дополнителни услуги кои Вие ги нудите (на пр. интернет конекција, послужување во соба и сл.) со цени за услугите кои исто така Вие ќе ги определите.
  • Автоматски пресметување на:
    • само на цената на сместувањето
    • цената на дополнителните услуги кои гостинот го одбрал
    • вкупната цена која треба да се плати
    • износот на депозитот кој теба да се уплати за да биде резервацијата потврдена
  • Автоматско доделување на соби/апартмани кои гостинот ги резервирал, со што се избегнува можноста за двојно резервирање на иста соба за различни гости во периоди кои се поклопуваат
  • Автоматско известување за резервациите кои треба да започнат на денот на нивното започнување, како и резервациите кои теба да завршат (одјавување на гостите)
  • Автоматско известување за сумата на пари кои определен гостин ја платил (депозит на пр.), и колку треба да доплати
  • Структуиран менаџмент на корисници Различни корисници на еРЕЦЕПЦИЈА имаат различни овластувања во системот. На пример, Рецепционер бр.1 се најавува во системот со сопствена лозинка и има свое овласување, Рецепционерот бр.2 има своја лозинка и овластување, додека шефот на рецепција има своја лозинка и најголеми овласувања. Со ова е овозможено надгледување на целокупното работење на Вашата рецепција од страна на претпоставените.
  • Визуелно претставување (во форма на табели) на извршените резервации по соби и периоди на резервирање
  • Можност за печатење на извештаи (по соби и периоди на извршени резервации) со што за момент добивате документација за архивирање
  • Можност за евидентирање на наплатите и исплатите во готово кои се извршени на Вашата рецепција
 

еАГЕНЦИЈА

еАГЕНЦИЈА - Online агенција за недвижнини
еАГЕНЦИЈА - Веб апликација за online изнајмување и продажба на недвижнини

еРЕЦЕПЦИЈА

еРЕЦЕПЦИЈАеРЕЦЕПЦИЈА - веб апликација наменета за хотели, мотели и др. сместувачки капацитети за online резервации на соби преку Вашиот веб сајт.

NEWS MAGAZINES

Engram E-publishing System
eMагазини - Специјализирани веб магазини за
фрекфентно дополнување со информации
Google
Engram WebStore ДЕМО
webstore.png
eMagazine ДЕМО
news_magazine.png
News Portal ДЕМО
portal.png
slika5.jpg
Мултимедијални презентации
slika4.jpg