Затворени (БИЗНИС) порталиПорталите се збир на технологии кои функционираат заедно како презентациски алат за сигурно прикажување на бизнис или компаниски податоци, поставување информации на интернет кои се достапни до сите или само до Вашите вработени, и лесно пристапување и измена на тие информации.
Порталот овозможува пристап за вработените, клиентите и бизнис партнерите до информации за кои Вие претходно сте дале дозвола за пристап, и забранува пристап за посетители кои немаат таква дозвола.
Начинот на пристап до информациите го определувате Вие, и тоа за секоја посебна група на кориници дефинирате посебни овластувања за пристап. Пристапот до информациите се врши преку сигурносен најавувачки модул (login module), и тоа посебно за секој корисник со сопствено корисничко име и лозинка.ОТВОРЕНИ (ЈАВНИ) ПОРТАЛИОвој тип на портали функционира исто како и претходниот, со таа разлика што пристап до него има секој, бидејќи инфомациите кои се нудат на него се наменети за широката јавност. Претежно содржат содржини превземени од други сајтови со линк до истите.
|