Интернет магазините се веб апликации наменети за поставување новости, информации, вести и слични содржини на интернет. Тие всушност се еден вид на електронски весници, списанија. Интернет магазините Ви овозможуваат Вие сами да ги поставувате содржините на Вашиот сајт во облик на текстови, колумни и слики/фотографии. Притоа постои можност за вклучување на повеќе лица кои би пишувале за различни теми (пример едно или повеќе лица пишуваат за политика, други за култура, спорт итн.), при што написите се објавуваат со име и презиме (или nick) на објавувачот на написот. Дополнителна можност е на Вашите посетители да им овозможите да остават коментари за одредени написи.
Интернет магазините се често користени како локални или национални весници, преку кои се нудат различни типови на информации.
За демо кликнете ТУКА
|