|
Веб портфолио е презентација наменета за интеренет со цел да служи како online портфолио за Вас.
Користејќи го Вашето веб портфолио, Вие на најефикасен начин можете да ги презентирате Вашите знаења, умеења, склоности и слични содржини.
Со Вашето веб портфолио Вие веќе немате портеба од класично CV (Curriculum Vitae), бидејќи сега тоа е достапно до целиот свет.
Во Вашето веб портфолио можете да презентирате информации за Вашето работно искуство, учество во најразлични проекти од секако тип, познавања и умеења од најразлични области и сл. Сето ова може да биде поткрепено со слики/фотографии, најразлични пишани документи и комбинирано со разни презентации кои би служеле како доказ за Вашата стручност.
Веб портфолијата се често користен начин за аплицирање за работни места/позиции преку интернет.
Се што треба да направите е да им го дадете линкот од Вашето веб портфолио на Вашите идни работодавачи, и со тоа да оставите впечаток на лице кое е во тренд со најновите збиднувања.
|